
Режим на ТВ излез
За да ги гледате снимените слики или видео
клипови на компатибилен ТВ, користете Nokia
Video Connectivity Cable.
Пред да ги гледате сликите и видео клиповите на
ТВ, првин мора да ги конфигурирате
прилагодувањата за ТВ излез за ТВ системот за
кој се однесува и односот на ТВ аспектот.
Видете
"Прилагодување на додатоци" стр. 177.
За да ги гледате сликите или видео клиповите на
ТВ, сторете го следново:
1.
Поврзете го Nokia Video Connectivity кабелот
со видео влезот на компатибилен ТВ.
2.
Поврзете го другиот крај од Nokia Video
Connectivity кабелот во Nokia AV конекторот
во Вашиот уред.
3.
Можеби ќе треба да одберете режим на
кабел.
4.
Притиснете , и одберете
Gallery
>
Images
& videos
и датотеката што сакате да ја
видите.
Сликите се
прикажуваат
во приказот на
слики, а видео
клиповите се
пуштаа во
RealPlayer.
Сето аудио,
вклучувајќи ги и активните повици, стерео
звукот на видео клипот, тонот на ѕвонење и
тоновите на копчињата, се насочени кон
телевизорот кога Nokia Video Connectivity
кабелот е поврзан со уредот. Микрофонот на
уредот можете да го користите нормално.
За сите апликации освен
Images & videos
папката во Галерија и RealPlayer, ТВ екранот го
прикажува она што е прикажано на екранот на
Вашиот уред.
Отворената слика се прикажува на цел екран на
телевизорот. Кога ќе отворите некоја слика во
99
Галерија

мал приказ додека ја гледате на телевизорот,
опцијата зумирање не е достапна.
Кога ќе отворите некој означен видео клип,
RealPlayer започнува со репродукција на видео
клипот на екранот на уредот и на ТВ екранот.
Видете "RealPlayer " стр. 71.
Можете да ги гледате сликите како слајд шоу на
телевизорот. Сите објекти во албумот или
означените слики се прикажуваат на
телевизорот на цел екран додека свири
одбраната музика.
Видете "Слајд шоу" стр. 97.
Квалитетот на ТВ сликата може да варира во
зависност од различната резолуција на уредите.
Безжичните радио сигнали, како што се
дојдовните повици, може да предизвикаат
пречки на ТВ сликата.