Nokia N95 8GB - За Ваша безбедност 

background image

За Ваша безбедност

Прочитајте ги овие едноставни упатства.

Непридржувањето кон нив може да биде опасно

или незаконски. Прочитајте ги целосно

упатствата за корисникот за понатамошни

информации.

ВКЛУЧЕТЕ ГО БЕЗБЕДНО

Не вклучувајте го телефонот кога

употребата на безжичен телефон е

забранета или кога тој може да

предизвика пречки или опасност.

БЕЗБЕДНОСТА НА ПАТОТ ДОАЃА НА ПРВО

МЕСТО

Почитувајте ги сите локални закони.

Рацете секогаш да Ви бидат слободни за

управување со возилото кога возите.

Најважната работа додека возите треба

да Ви биде безбедноста на патот.

ПРЕЧКИ

Кај сите безжични уреди може да се јават

пречки, кои може да влијаат на нивната

работа.

ИСКЛУЧЕТЕ ГО ВО БОЛНИЦИ

Почитувајте ги ограничувањата.

Исклучете го телефонот во близина на

медицинска опрема.

ИСКЛУЧЕТЕ ГО ВО АВИОН

Следете ги сите ограничувања.

Безжичните уреди може да предизвикаат

интерференција во авионот.

ИСКЛУЧУВАЊЕ ПРИ ПОЛНЕЊЕ ГОРИВО

Не користете го телефонот на место каде

полните гориво. Не користете го во

близина на гориво или хемикалии.

ИСКЛУЧУВАЊЕ ВО БЛИЗИНА НА

ЕКСПЛОЗИИ

Почитувајте ги ограничувањата. Не

користете го телефонот кога е во тек

експлозија.

КОРИСТЕТЕ ГО СООДВЕТНО

Користете го само во нормална позиција

како што е објаснето во документацијата

за производот. Не допирајте ја антената

непотребно.

10

За

Ваша

без

бедност

background image

КВАЛИФИКУВАН СЕРВИС

Само квалификувани лица може да го

инсталираат или поправаат овој

производ.

ДОДАТОЦИ И БАТЕРИИ

Користете само одобрени додатоци и

батерии. Не поврзувајте некомпатибилни

производи.

ВОДООТПОРНОСТ

Вашиот уред не е водоотпорен. Чувајте го

сув.

РЕЗЕРВНИ КОПИИ

Запомнете да направите резервни копии

или да чувате пишани записи за сите

важни информации што се зачувани во

Вашиот уред.

ПОВРЗУВАЊЕ СО ДРУГИ УРЕДИ

При поврзување со било кој друг уред,

прочитајте ги неговите упатства за

корисникот за детални безбедносни

инструкции. Не поврзувајте

некомпатибилни производи.

ИТНИ ПОВИЦИ

Осигурајте се дека телефонот е вклучен и

е во употреба. Притиснете го копчето за

завршување онолку пати колку што е

потребно да се испразни екранот и да се

вратите на почетниот екран. Внесете го

итниот број, потоа притиснете го копчето

за повикување. Наведете ја Вашата

локација. Не прекинувајте го повикот

додека не добиете дозвола за тоа.