
Додатоци, батерии и
полначи
Секогаш исклучете го уредот и отстранете го
полначот пред да ја отстраните батеријата.
Проверете го бројот на моделот на било кој полнач
пред употреба со овој уред. Овој уред е наменет за
употреба кога се снабдува со енергија од DC-4, AC-4,
или AC-5 полнач и од AC-1, ACP-8, ACP-9, ACP-12, или
LCH-12 полнач кога се користи со CA-44 адаптерот за
полнење.
Точниот број на моделот на полначот може да се
разликува во зависност од типот на приклучокот.
Видот на приклучокот е идентификуван како едно
од следново: E, EB, X, AR, U, A, C, или UB.
Батеријата која што е наменета за употреба со овој
уред е BL-6F.
Предупредување: Употребувајте само
батерии, полначи и други додатоци одобрени од
Nokia за користење со овој модел. Употребата на
било какви други видови може да го поништи
одобрението или гаранцијата, и може да резултира
со опасност.
За постоењето на одобрени додатоци, Ве молиме
проверете со Вашиот продавач. Кога го
отстранувате кабелот од било кој додаток, фатете
и повлечете го приклучокот, а не кабелот.
13
За
Ваша
без
бедност