Nokia N95 8GB - За Вашиот уред

background image

За Вашиот уред

Безжичниот уред опишан во ова упатство е одобрен

за употреба на (E)GSM 850, 900, 1800, 1900 и UMTS

900 и 2100 мрежите. Контактирајте го Вашиот

оператор за повеќе информации околу мрежите.
Кога ги користите можностите на овој уред,

почитувајте ги сите закони и почитувајте ги

локалните обичаи, приватноста и легитимните

права на другите, вклучувајќи ги и авторските

права.
Заштитата на авторските права може да спречи

некои слики, музика (вклучувајќи ги и тоновите на

ѕвонење), и други содржини да бидат копирани,

модифицирани, префрлени, или препратени.
Вашиот уред поддржува интернет конекции и други

методи на поврзување. Како компјутерите, Вашиот

уред може да биде изложен на вируси, штетни

пораки и апликации и други штетни содржини.

Постапувајте внимателно и отворајте ги пораките,

прифаќајте барања за поврзување, даунлоадирајте

содржини и прифаќајте инсталации само од

доверливи извори. За да ја зголемите безбедноста

11

За

Ваша

без

бедност

background image

на Вашите уреди, земете во предвид инсталирање,

користење, и редовна надградба на антивирусен

софтвер, firewall, и друг поврзан софтвер на Вашиот

уред и било кој поврзан компјутер.

Предупредување: За да користите било кое

од својствата на овој уред, освен алармот, уредот

мора да е вклучен. Не вклучувајте го уредот кога

употребата на безжичен уред може да предизвика

пречки или опасност.
Office апликациите ги поддржуваат заедничките

функции за Microsoft Word, PowerPoint, и Excel

(Microsoft Office 2000, XP, и 2003). Не можат сите

формати на документи да бидат прикажани или

модифицирани.
За време на продолжена операција, како што е

активна сесија со видео размена или конекција со

голема брзина на податоци, уредот може да се

загрее. Во повеќето случаи, оваа состојба е

нормална. Доколку се сомневате дека уредот не

работи правилно, однесете го до најблискиот

овластен сервис.
Вашиот уред може да содржи претходно

инсталирани букмарк ознаки за страници и линкови

за интернет страници на трети лица. Исто така

можете да пристапите кон страници на трети лица

преку Вашиот мобилен уред. Страниците на третите

лица не се поврзани со Nokia, и Nokia не гарантира

ниту пак ги одобрува овие страници. Ако одберете

да им пристапите на таквите страници, треба да

превземете мерки за претпазливост, во однос на

заштитата или содржината.
Сликите во ова упатство може да се разликуваат од

екранот на Вашиот уред.