Совети за правење добри
фотографии
Квалитет на слика
Користете го соодветниот квалитет на слика.
Камерата има неколку режими на квалитет на
слика. Користете го најголемото прилагодување
за да се осигурате дека камерата ќе произведе
најдобар достапен квалитет на сликата. Како и
да е, забележете дека подобриот квалитет на
слика бара поголем простор за складирање. За
мултимедијална порака (MMS) и e-mail прилози
може да е потребно да користите режим со
85
Камера
најнизок квалитет на слика оптимизиран за
испраќање на MMS. Можете да го дефинирате
квалитетот во прилагодувањата на камерата.
Видете "Прилагодувања на камерата за мирна
слика" стр. 89.
Позадина
Користете едноставна позадина. За портрети и
други фотографии со луѓе, одбегнувајте да имате
субјект пред пренатрупана, сложена позадина
која што може да го одвлече вниманието од
субјектот. Поместете ја камерата, или субјектот,
кога не можете да ги исполните овие услови.
Поместете ја камерата поблиску до објектот за да
направите појасни портрети.
Длабочина
Кога фотографирате пејзажи или сценарија,
додадете длабочина на Вашите фотографии со
донесување на некои објекти напред. Ако
објектот што е напред е премногу блиску до
камерата, тој може да е размачкан.
Услови на осветлување
Променувањето на изворот, количината, и
насоката на светлото може драматично да ги
промени фотографиите. Еве неколку типични
услови на осветлување:
●
Светлосен извор позади субјектот.
Одбегнувајте да го ставате субјектот пред
извор на силна светлина. Ако изворот на
светлина е позади субјектот или е видлив на
екранот, фотографијата може да има слаб
контраст, може да е премногу темна, и може
да содржи несакани светлосни ефекти.
●
Субјект со странична светлина. Силната
странична светлина дава граматичен ефект но
може да е премногу јак, и да резултира со
премногу контраст.
●
Извор на светлина пред субјектот. Силната
сончева светлина може да предизвика
субјектите да ги замижат своите очи.
Кинтрастот може исто така да биде премногу
висок.
●
Оптимално осветлување може да се најде во
ситуации каде има достапно многу расфрлано,
слабо светло, на пример, при јасен, делумно
облачен ден или при сончев ден под сенката
на дрвјата.