Nokia N95 8GB - Испраќање на податоци користејќи Bluetooth конективност

background image

Кога користите Bluetooth конективност, за да

контролирате кој може да го пронајде Вашиот

уред и да се поврзе со него, одберете

Bluetooth

>

Off

или

My phone's visibility

>

Hidden

.

Не се спарувајте и не прифаќајте барања за

конекции од некој непознат уред. Ова го штити

Вашиот уред од штетни содржини.

Испраќање на податоци

користејќи Bluetooth

конективност

Неколку Bluetooth конекции можат да бидат

активни во исто време. На пример, ако сте

поврзани со компатибилни слушалки, можете

исто така да префрлувате датотеки на друг

компатибилен уред во исто време.

1.

Отворете ја апликацијата каде што е зачуван

посакуваниот објект. На пример, за да

испратите некоја слика кон друг

компатибилен уред, отворете Галерија.

2.

Одберете го објектот и

Options

>

Send

>

Via

Bluetooth

.

На екранот се прикажуваат уредите со

Bluetooth безжична технологија што се

наоѓаат во Вашиот опсег. Иконите во уредот

се следниве:

компјутер

телефон

аудио или видео уред

друг уред

За да го прекинете барањето, одберете

Stop

.

3.

Одберете го уредот со кој што сакате да се

конектирате.

4.

Доколку другиот уред бара спарување пред

податоците да бидат префрлени, се огласува

тон, а Вие ќе бидете прашани да внесете код

за влез.

Видете "Спарување на

уреди" стр. 43.

Кога конекцијата е воспоставена,

Sending

data

се прикажува на екранот.

Совет: Кога барате уреди, некои уреди

може да ја покажуваат само уникатната

адреса (адресата на уредот). За да ја

пронајдете уникатната адреса на Вашиот

42

Конекции

background image

уред, внесете *#2820# во standby

режимот.