Nokia N95 8GB - Интернет повици

background image

Интернет повици

Со услугата за интернет повик (мрежна услуга),

можете да остварувате и да примате повици

преку интернет. Интернет повиците може да

бидат воспоставени помеѓу компјутери, помеѓу

мобилни телефони, и помеѓу VoIP уред и

традиционален телефон. За да остварите или

примите интернет повик, Вашиот уред мора да

биде поврзан со услугата за интернет повик.
За да се поврзете со некоја услуга за интернет

повик, мора да бидете во опсег на некоја мрежа

за конекција, како што е WLAN пристапна точка.
Вашиот уред поддржува гласовни повици преку

интернет (мрежни повици). Вашиот уред ги бира

итните броеви примарно преку мобилните

мрежи. Ако бирањето на итниот повик

користејќи мобилни мрежи е неуспешно,

Вашиот уред го бира итниот повик преку Вашиот

оператор за мрежни повици. Поради

воспоставената природа на мобилната

телефонија, доколку е возможно, би требало да

ги користите мобилните мрежи за итни повици.

Ако имате покриеност на мобилна мрежа,

осигурајте се дека Вашиот мобилен телефон е

153

Остварување

на

по

виц

и

background image

вклучен и е подготвен за остварување на повици

пред да се обидете да бирате итен повик.

Можноста за итен повик користејќи интернет

телефонија зависи од достапноста на WLAN

мрежа и од имплементацијата на можностите за

итен повик на Вашиот оператор за мрежни

повици. Контактирајте го Вашиот оператор за

мрежни повици за да ја проверите можноста за

итен повик преку интернет телефонија.