GPS примач
GPS приемникот се наоѓа на дното на уредот. Кога
го користите приемникот, излизгајте ја
нумеричката тастатура за да ја отворите, и од
исправена позиција, поместете го уредот на
околу 45 степени, со непречен поглед кон
небото. Не ја покривајте нумеричката тастатура
со Вашата рака.
Воспоставувањето
на GPS конекција
може да потрае од
неколку секунди до
неколку минути.
Воспоставувањето
на GPS конекција во
автомобил може да
потрае подолго.
GPS приемникот ја црпи својата енергија од
батеријата на уредот. Користењето на GPS
ресиверот може побргу да ја потроши
батеријата.