Даунлоадирање мапи
Кога пребарувате мапа на екранот во Maps, нова
мапа автоматски се даунлоадира ако дојдете до
некоја област која не е покриена со мапи кои се
веќе даунлоадирани. Можете да го видите
количеството на префрлени податоци од
бројачот за податоци (кБ) прикажан на екранот.
Бројачот го прикажува количеството на мрежен
сообраќај кога пребарувате мапи, креирате
маршути, или барате локации online.
Даунлоадирањето мапи може да вклучи пренос
на големи количества на податоци преку
мрежата на Вашиот оператор на услуги.
Контактирајте го Вашиот оператор во врска со
наплаќањето за преносот на податоци.
За да спречите уредот автоматски да
даунлоадира мапи преку интернет, на пример,
кога сте надвор од Вашата домашна мобилна
мрежа, или други податоци кои се поврзани со
мапа од екстра услугите, одберете
Options
>
Tools
>
Settings
>
Internet
>
Go online at
start-up
>
No
.
За да дефинирате колку од масовната меморија
сакате да се користи за зачувување на
податоците на мапите или датотеките со
гласовно водство, одберете
Options
>
Tools
>
Settings
>
Map
>
Maximum memory use
>
Max. mass memory use
. Кога меморијата е
полна, најстарите податоци за некоја мапа се
113
Позиционирање
(GPS)
бришат. Зачуваните податоци за мапи може да
се избришат со користење на софтверот Nokia
Map Loader PC.
Nokia Map Loader
Nokia Map Loader е софтвер за компјутер кој што
можете да го користите за да даунлоадирате и
инсталирате мапи на Вашиот уред од интернет.
Можете исто така да го користите за
даунлоадирате гласовни датотеки за свиок-по-
свиок навигација.
За да користите Nokia Map Loader, морате првин
да ја инсталирате на компатибилен компјутер.
Можете да го даунлоадирате софтверот за
компјутер од интернет на www.nokia.com/maps.
Следете ги упатствата на екранот.
Морате да ја користите апликацијата Maps и да
пребарувате мапи најмалку еднаш пред да
можете да користите Nokia Map Loader. Nokia Map
Loader ги користи информациите од историјата
на Maps за да ја провери верзијата на податоците
за мапата што треба да се даунлоадира.
Откако сте го инсталирале компјутерскиот
софтвер на Вашиот компјутер, за да
даунлоадирате мапи, сторете го следново:
1.
Поврзете го Вашиот уред со компјутерот
користејќи компатибилен USB кабел за
податоци. Одберете
Data transfer
како USB
режим за конекција.
2.
Отворете ја апликацијата Nokia Map Loader во
Вашиот компјутер. Nokia Map Loader ја
проверува верзијата на податоците на мапата
што треба да се даунлоадира.
3.
Одберете ги мапите или датотеките за
гласовно водство што ги сакате, и
даунлоадирајте и инсталирајте ги на Вашиот
уред.
Совет: Користете Nokia Map Loader за да
заштедите на тарифите за наплата за
префрлување на мобилни податоци.