Nokia N95 8GB - Навигација

background image

Навигација

За да купите некоја Drive & Walk услуга за

навигација со гласовно водство или само

навигацијата Walk (Пешачење), одберете

Options

>

Extras

>

1 Drive & Walk

или

2

Walk

. Можете да платите за услугата преку

некоја кредитна картичка или може сумата да Ви

се наплати на Вашата телефонска сметка

(доколку тоа е поддржано од обезбедувачот на

услугата на Вашата мобилна мрежа).

Навигација за Возење

За да купите некоја Drive & Walk услуга за

навигација, одберете

Options

>

Extras

>

1

Drive & Walk

.

Кога ја користите навигацијата за возење за прв

пат, ќе бидете предупредени да го одберете

јазикот на гласовното водство и да ги

даунлоадирате датотеките за гласовното

водство на одбраниот јазик. Можете исто така да

даунлоадирате гласовно водство користејќи

Nokia Map Loader.

Видете "Даунлоадирање

мапи" стр. 113.

За подоцна да го промените јазикот, во главниот

приказ на Мапи, одберете

Options

>

Tools

>

Settings

>

Navigation

>

Voice guidance

и

некој јазик, и даунлоадирајте ги датотеките за

гласовно водство за одбраниот јазик.

Навигација за Пешачење

За да купите некоја Walk услуга за навигација,

одберете

Options

>

Extras

>

2 Walk

.

Навигацијата за пешачење се разликува од

навигацијата за возење во многу начини:

Маршутата за пешачење игнорира било какви

можни ограничувања на навигацијата со

автомобил, како што се еднонасочните улици и

забраните за свртување, и вклучува области

како што се зони за пешаци и паркови. Исто така

во прв план ги става пешачките патеки и

помалите патишта, и ги испушта автопатиштата

и регионалните патишта. Должината на

маршутата за пешачење е ограничена на

максимум од 50 километри (31 милја) и брзината

на патување е ограничена на максимум од 30 км/

116

Позиционирање

(GPS)

background image

ч (18 милји/ч). Ако се надмине ограничувањето

на брзината, навигацијата се стопира и се

продолжува штом брзината се врати назад во

ограничувањата.
Свиок-по-свиок навигацијата или гласовното

водство не се достапни за навигацијата за

Пешачење. Наместо тоа една голема стрлка ја

покажува маршутата и една мала стрелка на

дното од екранот покажува директно до

дестинацијата. Сателитскиот приказ е достапен

само во навигацијата за Пешачење.

Навигација до саканата дестинација

За да започнете навигација до саканата

дестинација со GPS, одберете било која локација

на мапата или на листа со резултати, и

Options

>

Drive to

или

Walk to

.

За да се префрлате помеѓу различните прикази

за време на навигацијата, скролувајте лево или

десно.
За да ја стопирате репродукцијата, притиснете

Stop

.

За да ги одберете опциите за навигација,

притиснете

Options

за време на навигацијата.

Ако навигацијата за возењето е активна, се

прикажува мени приказ со дванаесет опции.
Секое копче на тастатурата одговара на една

опција од приказот. Притиснете 2 за да ја

повторите гласовната команда, 3 за да се

префрлувате помеѓу режимите на ден и ноќ, 4 за

да го зачувате моменталното место, и така

натаму.