Предвидливо внесување на
текст
Со предвидливото внесување на текст, можете
да внесете било која буква со едно притискање
на некое копче. Предвидливиот начин на
внесување на текст се базира врз вграден речник
во кој можете да додавате нови зборови.
1.
За да го активирате предвидливото
внесување на текст за сите едитори во уредот,
притиснете , и одберете
Activate
predictive text
.
130
Пораки
2.
За да го напишете посакуваниот збор,
притиснете ги копчињата 2–9. Притиснете го
секое копче самоеднаш за една буква. На
пример, за да напишете "Nokia" кога е одбран
Англискиот речник, притиснете 6 за N, 6 за o,
5 за k, 4 за i, и 2 за a.
Предлогот на зборови се менува после секое
притискање на копче.
3.
Кога ќе завршите со правилното пишување
на зборот, скролувајте десно за да го
потврдите, или притиснете 0 за да додадете
празно место.
Ако зборот не е правилен, притиснете *
последователно за да ги видите зборовите
што одговараат што биле пронајдени во
речникот еден по еден, или притиснете , и
одберете
Predictive text
>
Matches
.
Ако карактерот ? се покажува по зборот,
зборот не е во речникот. За да додадете збор
во речникот, одберете
Spell
, внесете го
зборот со користење на традиционалното
внесување на текст, и одберете
OK
. Зборот се
додава во речникот. Кога речникот е полн,
новиот збор го заменува најстариот додаден
збор.
4.
Започнете со пишување на следниот збор.
За да го исклучите предвидливото внесување на
текст за сите едитори во уредот, притиснете ,
и одберете
Predictive text
>
Off
.