Безбедност на конекцијата
Ако безбедносниот индикатор ( ) се појави на
екранот за време на конекција, преносот на
податоци помеѓу уредот и интернет портата или
серверот се шифрира.
Иконата за заштита не означува дека преносот
на податоци помеѓу портата и серверот за
содржина (или местото каде што бараниот
ресурс е зачуван) е безбеден. Операторот на
услугите го осигурува преносот на податоци
помеѓу портата и серверот за содржина.
За некои услуги, како на пример банкарските
услуги, се бараат безбедносни сертификати. Ќе
бидете известени ако идентитетот на серверот
не е автентичен или ако го немате точниот
безбедносен сертификат во Вашиот уред. За
повеќе информации, контактирајте го Вашиот
обезбедувач на услуги.